САД и натаму работат на воспоставување дијалог со Северна Кореја, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Тој рече дека се надева оти разговорите ќе продолжат, но одби да коментира кога тоа може да се случи или да даде други детали.

– Ние продолжуваме да работиме на воспоставување дијалог и имаме значајни разговори за тоа како можеме да обезбедиме многу добар исход, исход што значи обезбедување мир и стабилност на целиот полуостров, изјави Помпео по тридневните разговори на заменикот-државен секретар Стивен Биган во Сеул.

Јужнокорејските власти денеска побараа од Бигган, надлежен за прашањето на Северна Кореја, да се обиде да ги заживее преговорите со таа земја за нејзината нуклеарна програма, кои се во застој.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2020 00:51