На 07.07.2020 во 16:20 часот во Полициската станица Карпош, В.П.(57) од Скопје пријавила дека на 06.07.2020, додека била во нејзиниот дом на ул.„Козле“ во Скопје, на нејзиниот мобилен телефон и телефонот на нејзината ќерка Е.П. пристигнале заканувачки пораки од профили на фејсбук на Г.С. и С.И., со закани по животот на пријавителката и нејзиното семејство.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.