На 08.07.2020 во 11:30 часот во СВР Куманово, С.К.(56) и В.Л.(53), двајцата од Куманово, пријавиле дека по претходен договор со А.С. во мај 2019, заедно со уште шест лица од Куманово заминале во Манхејн, Германија, каде започнале со работа во градежна фирма.

Но, по три месеци од престојот, ним им биле исплатени само две плати и не им биле обезбедени документи и престој од А.С., согласно претходниот договор, по што си заминале од Германија.

Според пријавеното, тие имале неколку обиди да стапат во контакт со А.С., но таа не се јавувала, по што констатирале дека се оштетени и измамени за сума од 2.600 евра.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2020 01:37