Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлог за издавање казна во висина од 2 000 евра против едно лице кое не ја почитувало наредбата за задолжителна домашна изолација.
– Обвинетиот со Решение на Државниот здравствен и санитарен инспекторат – Сектор за инспекциски надзор ПО Битола од 04.07.2020 година бил ставен под здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена од последниот контакт со лабораториски докажано лице заболено со заразна болест чиј причинител е коронавирусот – КОВИД-19. Но, тој не постапил согласно решението, па при проверка извршена од полициски службеници од СВР Битола на 08.07.2020 година не бил затекнат во неговиот дом во Битола, се вели во соопштението од ОЈО.
Со предлогот на Судот му предложи да изрече парична казна за обвинетото лице во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во вредност од по 20 евра во денарска противвредност.
Лицето е обвинето дека го сторило кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.