Дваесетгодишник од село Криволак ноќеска, половина час по полноќ, во Полициската станица Неготино пријавил дека кај училиштето во селото бил физички нападнат од 31-годишен соселанец.

Како што информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, немилиот настан се случил околу 00:15 часот.

Според Додевски, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2020 12:22