Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика Европејците на храбар реформски курс со цел посилни да излезат од кризата со коронавирусот.

– Помошта што не е поврзана со реформите и насочувањето кон иднината нема да помогне на крајот, рече Меркел пред состанокот со холандскиот колега Марк Руте.

Таа синоќа истакна дека „светот не спие“.

– После оваа криза, картите сигурно повторно ќе бидат измешани, подвлече Меркел.

Таа истакна дека ќе се види кој навистина може да ја гарантира благосостојбата на луѓето во нивните земји.

– Не станува збор само за поголема конкурентност и економија ориентирана кон иднината. Голема улога мора да имаат и заштитата на климата, во што Холандија оди по многу ангажиран пат, рече Меркел.

Руте рече дека пандемијата на коронавирусот нанела голема штета и оти сега е важно заедно да се надмине „ударот“ што го прими Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2020 14:02