Моторџија удрил во велосипедист по што заминал од местото на инцидентот на регионалниот пат Брвеница-Тетово синоќа пред 19 часот, информираа денеска од СВР Тетово.

– Непознат мотоцикл удрил во велосипед „ортлер“ што го управувал 64-годишниот тетовец А.А. и веднаш го напуштил местото. Во несреќата, велосипедистот здобил тешки телесни повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, потенцираат од полицијата.

СВР Тетово вчера бележи и сообраќајна незгода пред наплатна станица Желино, каде товарно моторно возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ч.Б.(53) од Скопје излетало од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот Д.С.(36) од Скопје завршил со телесни повреди, по што биле пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2020 14:43