На Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ синоќа е приведен М.М. (28) од Гостивар, кој потоа е предаден на Полициската станица Гостивар, затоа што се барал со централен распис од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар.

МВР денеска соопшти дека на 06.07.2020 против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, предвидено во член 144 став 4 од Кривичниот законик.

– М.М. се сомничи дека преку социјалните мрежи упатувал закани односно ја загрозил сигурноста на функционер на Владата на Република Македонија. М.М. е задржан во Полициската станица Гостивар и ќе биде изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд Гостивар, се појаснува во соопштението од МВР.

Како што информираа дел од медиумите, владиниот функционер е техничкиот премиер Оливер Спасовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2020 16:54