Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинение против две лица за самовластие, откако на 29 јуни годинава се заканувале и претепале едно лице за невратен долг од 6 000 евра.

– Двајцата обвинети на 29 јуни 2020 година , околу 10.00 часот, со возило пристигнале пред домот на оштетениот. Откако го забележале, го повикале да влезе во автомобилот, па без негово знаење се упатиле кон парк шумата во Гази Баба, Скопје. По пристигнувањето, обвинетите физички го нападнале оштетениот удирајќи го со гумена палка по телото, барајќи од него да го врати долгот од 6 000 евра кој тој го имал кон првообвинетиот. По извесно време двајцата обвинети соизвршители, го внеле оштетениот во возилото и го однеле во неговиот стан, кој како гаранција за земените пари оштетениот му го предал во владение на првообвинетиот. Во станот обвинетите лица продолжиле да го удираат оштетениот, заканувајќи му се дека доколку не ги врати парите, ќе го запалат заедно со неговиот стан. Од нанесените удари, оштетениот се здобил со видливи повреди и подливи по телото, стои во соопштението од ОЈО.

Со извршените дејствија, двајцата соизвршители, 33-годишен охриќанец и 31-годишен скопјанец, го сториле кривичното дело „самовластие“ од член 392 став 2 од Кривичниот законик, а за што денеска јавен обвинител од Основното јавно обвинитество Скопје во Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2020 20:09