Венеција денеска го почна првото општо тестирање на контроверзниот нов систем на браната, чија цел е заштита на градот од големи поплави.

Проектот МОСЕ, вреден 5,5 милијарди евра, е проследен со корупциски скандали, а притоа го надминимитот на буџетот и крајниот рок за изведба. Градежните работи почнаа во 2003 година и се очекува да биде завршен во декември 2021 година.

– МОСЕ е извалкан од јасни епизоди на корупција и кримина“, но да се фокусираме на целта: сите треба да се надеваме дека системот ќе функционери, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте, кој отпатува во Венеција за да го означи почетокот на тестирањето.

Инженерите изградија брани на три влеза во Венецијанската лагуна што треба да се активираат кога нивото на водата надминува 1,1 метар.

На денешното тестирање, тие брани, составени од 78 подморски мобилни бариери, односно челични порти, треба да бидат подигнати во исто време по првпат. Нивната цел е да спречат плимен бран од Јадранското Море да ја поплави Венецијанската лагуна.

Градоначалникот на Венеција Луиџи Бруњаро напиша на Твитер дека МОСЕ е „огромно достигнување“ и резултат на „италијанската досетливост“, иако реализацијата на проектот доцни.

Заштитата од поплави е клучна за Венеција, особено откако речиси рекорден бран од 187 сантиметри во ноември му нанесе огромна штета на градот заштитен од УНЕСКО.

Оние што го критикуваат МОСЕ се сомневаат во неговата ефикасност, додека други велат дека ќе направи повеќе штета отколку добро за чувствителниот екосистем на лагуната.

Локалниот весник Ла Нуова Венеција објави дека шест од 78-те мобилни бариери на системот не функционирале добро на делумното тестирање пред неколку дена.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2020 21:14