Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска постапка пред надлежна комисија во МВР, против М.А., вработен во Одделението за управни работи Охрид поради тоа што постапил спротивно на член 168 од ЗВР според кој вработен во МВР не смее да основа, раководи, застапува или претставува политичка партија и да биде член на органите на партијата.

М.А. постапил и спротивно член 9 од Изборниот законик на РСМ според кој на овластените службени лица во МВР им мирува работниот однос откако ќе бидат утврдени како кандидати, но и спротивно интерните акти на министерството.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2020 22:34