Државниот совет (Врховен управен суд) на Франција денеска и нареди на Владата да преземе мерки за намалување на загадувањето на воздухот во неколку градови и региони, во спротивно државата ќе треба да плати рекордна казна од 10 милиони евра за секои шест месеци доцнење, јави дописникот на МИА.
Оваа казна е „највисоката“ сума досега изречена „за присилување на државата да изврши одлука донесена од административен (управен) судија“, се наведува во соопштението на Државниот совет, кој уште во 2017 година донесе одлука во која се истакнува дека државата не ги испочитува нејзините обврски во оваа област.