Дали некогаш сте ги мереле бананите?
Според регулативата, сите банани кои се увезени во Европската унија мора да бидат долги најмалку 14 сантиметри и дебели 2,7 сантиметри. Овошјето не смее да биде оштетено или пак целосно зрело. Сепак, ЕУ не ја пропишува регулативата за закривеноста на бананата - тоа тврдење е неточно, но вистината е дека ова правило постоеше за краставиците до 2009 година.
ЕУ исто така предвидува дека електронската спроводливост на медот не треба да надминува 0,8 микросимени на сантиметар.
Во Европската унија постои забрана за „обични“ светилки како би се заштедило на енергија, меѓутоа светилките за заштеда на енергија содржат токсична жива што бара дополнителна внимателност при отпадот.
Провинцијата Шлезвиг-Холштајн се наоѓа во Германија покрај брегот на Северното Море. И нејзиниот најголем рид достигнува висина од 168 метри. Сепак и оваа провинција исто така мораше да донесе закони и регулативи за жичарници, како што бара ЕУ. За секој случај можеби некој ќе го мрзи ги искачи тие 200 метри, па затоа би користел жичарница.
Во 2010 година Европската унија објави предлог за поврзување на цената на целата храна со нејзината тежина, а не со нејзиниот број. Ова значи дека цената за јајцата би била по тежина, а не по парче. Но, барем овие јајца се доказ дека е тешко дека оваа регулатива некогаш ќе се оствари.