Германскиот град Билефилд, долго време е тема на на половичната теорија на заговор која тврди дека градот навистина не постои, и се нуди голема награда за секој што ќе докаже дека оваа теоријата е вистина.
Официјални претставници на градот изјавија дека ќе дадат еден милион евра на лицето кое ќр покаже цврст доказ дека градот всушност не постои. Тие изјавија дека „не постои ограничување во креативноста“ на учесниците на натпреварот, но дека за наградата ќе бидат земени во предвид само непобитните докази.
Идејата дека Билефилд не постои, најпрво ја изнел компјутерскиот експерт Аким Хелд, кој во обид да ги сруши теориите на заговор, го објавил ова сатирично тврдење во 1994 година. Дури и германската канцеларка Ангела Меркел некогаш на шега се сомневаше во постоењето на Билефилд град кој наводно се наоѓал на околу 330 километри западно од Берлин.