Американскиот претседател Доналд Трамп посети воена болница во предградието на Вашингтон и за првпат во јавност носеше заштитна маска поради пандемијата на коронавирусот.

– Кога сте во болница … мислам дека се очекува да носите маска, изјави тој при излегувањето од Белата куќа.

Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во САД, во која до сега се заразени повеќе од 3,2 милиони Американци, Трамп ги одбиваше препораките на епидемиолозите за носење маска во јавност.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2020 12:47