Речиси 30 милиони Полјаци денеска гласаат на вториот круг од претседателските избори и избираат меѓу опозицискиот кандидат, градоначалникот на Варшава Рафал Тшасковски и актуелниот претседател Анджеј Дуда.

Поради епидемијата на коронавирусот, изборите се одвиваат со засилени санитарни мерки, комбинирани на над 27.000 избирачки места, но секој што е во карантин или едноставно се плаши да гласа, може да го испрати својот глас по пошта.

Центарот за безбедност на полската Влада вчера им испратил СМС на сите Полјаци дека постарите граѓани, бремените жени и мајките со деца до три години имаат предност на избирачките места и не треба да чекаат во долги редови како во првиот круг на 26 јуни.

Тогаш, меѓу 11-те кандидати, Дуда освои 43 проценти од гласовите и во вториот круг влезе како фаворит, додека популарниот опозициски градоначалник на Варшава, Тшасковски, освои 30 отсто од гласовите.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2020 12:54