Дваесет и осумгодишен скопјанец се удавил во водите на езерото „Младост“ во Велес.

Тој вчера во 15:30 часот, како што денеска соопшти МВР, влегол во езерото и се удавил.

Телото на М.С. било извадено од водата, а од страна на лекар од Итната медицинска помош е констатирана смрт.

Извршен е увид од екипа на СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2020 14:38