Од почетокот на пандемијата над 12,75 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирусот, додека 563.869 пациенти починале.

Русија вчера регистрираше уште 6.615 нови случаи на заразени, со што вкупниот број на пациенти се зголеми на 727.168. Во претходните 24 часа, во земјата починаа уште 130 пациенти со потврден коронавирус, досега вкупно 11.335.

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 6.094 новозаразени со коронавирусот и 539 смртни случаи. Во Мексико вкупно се заразени повеќе од 295.000 луѓе, а речиси 35.000 починале.

Бангладеш исто така бележи поголемо зголемување на бројот на нови случаи, каде во изминатиот ден се разболеле уште 2.666 лица, вкупно 183.795 од почетокот на пандемијата. Од Ковид-19 починале 2.352 лица, од кои в47 вчера. Во моментов во земјата има 87.829 активни случаи.

Пакистан има сличен број на новозаразени – 2.521, со што вкупниот број на пациенти во оваа земја се зголеми на 248.872 од почетокот на пандемијата. Во изминатите 24 часа починале уште 74 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 5.119.

Боливија има 1.635 повеќе случаи на Ковид-19 од вчера, вкупно 47.200, како и 52 нови смртни случаи од оваа болест, односно 1.754 од почетокот на пандемијата.

Во Украина, во изминатите 24 часа, вирусот е потврден кај уште 678 лица, додека уште 11 лица починале од Ковид-19. Од почетокот на пандемијата, во земјата има регистрирано 53.521 случаи на заразени, и 1.383 смртни случаи, додека 26.111 пациенти се излекувале.

Од почетокот на пандемијата во Индија, коронавирусот е потврден кај 850.827 лица, од кои 469 претходниот ден. Земјата има 22.696 смртни случаи од Ковид-19. Во моментов има 291.817 активни случаи.

Според Институтот Роберт Кох, бројот на нови случаи во Германија во изминатите 24 часа се зголемил за 248 на 198.804 . Во истиот период починале три лица, па вкупниот број на смртни случаи достигна 9.063.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2020 14:44