Со Спасовски, Заев и СДСМ единствено сигурно е дека Македонија може да тоне уште повеќе.

Криминалните, коруптивните и рекетарските шеми кои ги создадоа ја уништија државата. Секоја лага која сега ја кажуваат, веќе никој не им ја верува. Народот виде со каква мафијашка структура си имаат работа. Спасовски како министер за внатрешни работи, наместо да го гони криминалот, тој посматрал што го прави директен соучесник.

Парите наместо јак народот завршувале кај Заеви и за тоа постои сведоштво. Затоа нема нови патишта, нови училишта, болници и други капитални инвестиции. Со Заев и Спасовски на власт нема ни да има.

Народот ќе ги казни на избори и својата поддршка ќе ја даде на Обновата, затоа што тоа е гаранција дека во Македонија ќе владее правото и ќе има одговорност за криминалот.

Спасовски, СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2020 18:45