Планинар од Скопје откако се одвоил од група вчера се изгубил на Шар Планина, па бил најден утрово околу 6 часот по потрагата што ја направиле двајца други планинари и полициски службеници.

Планинарот залутал на косовска територија поради магла, а бил најден во бачило во месноста „Коњушка река“.

– Во 20 часот и 40 минути, З.Б.(41) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека група од 8 планинари од Планинарското друштво „Љуботен“ се движела на потегот помеѓу тетовските села Јелошник и Вејце и дека планинарот Г.И.(49) од Скопје, кој се оддалечил од групата, поради густата магла, залутал на косовска територија, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Планинарот бил најден без повреди и во добра здравствена состојба.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2020 14:56