Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, скопјанец на возраст од 37 години, за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело „убиство“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителсто Скопје, со поведување на истражната постапка до Судот поднесе Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице, поради постоење на опасност од бегство и опасност од влијание врз сведоци.

– Телото на починатата беше пронајдено од минувачи на 5 август 2019 година, во атар на село Горно Оризари, во близина на локалниот пат кој води од Шуто Оризари. Телото било таму оставено, откако осомниченот на 3 август околу 15:30 часот го извршил кривичното дело при вршење семејно насилство кон жртвата со која живеел во вонбрачна заедница. По настаната вербална расправија, осомничениот започнал со тупаници да ја удира жртвата по главата, по што и нанел две убодни рани од кои настанале тешки телесни повреди со смртен исход, се наведува во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2020 02:25