На 12.07.2020 во 19.30 часот во Полициската станица Радовиш, Е.К.(66) од с.Злеово, радовишко, пријавила дека на 10.07.2020, во периодот од 15.00 до 20.00 часот, нејзините две внуки Ј.К.(14) и А.К.(16) се оддалечиле од домот.
Според пријавеното, таа се сомнева дека тие работат во угостителски објект во струмичкото село Сарај. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.