Полицијата изрекла 169 казни за неносење заштитна маска во изминатите 24 часа на територијата на целата држава.
– Во текот на изминатото деноноќие 13/14.07.2020 година на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 169 прекршоци, се вели во соопштението од МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со КОВИД-19.