Мотоциклист починал во сообраќајка несреќа ноќеска во 23 часот на локалниот пат с.Палатица-с. Желино, при судир помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(23) од Желино, Тетовско и мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(33) од с. Палатица.

-По незгодата мотоциклистот бил пренесен во Клиничката болница Тетово, каде што починал. Извршен бил увид на местото на несреќата од Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, додека по наредба на обвинителот Г.И. лишен е од слобода и задржан за целосно расчистување на случајот, соопшти СВР Тетово.

Во сообраќајка во 17 часот и 20 минути на бул. „Видое Смилески Бато“ во Тетово, повредено е 9 годишно девојче.

-Патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.М.(39) од Тетово, удрило во деветгодишно девојче, пешак од Скопје. Во незгодата девојчето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош, информираат од СВР Тетово.

Во 17 часот и 50 минути на локалниот пат во Долно Палчиште се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел вектра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.А.(20) с. Долно Палчиште и патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ш.(49) од с. Долно Палчиште. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Џ.Ш., а со телесни И.А. по што биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Повреден е и 19 годишник кој во 18.40 часот

пред комплексот „Арабати Баба Теќе“, со возило „бмв“ излетал од коловозот и удрил во бетонски ѕид. Во незгодата, Б.Л. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2020 18:04