Израелската полиција уапси 50 осомничени кои, наводно, биле вмешани во нарушувања на јавен ред и мир за време на синоќешните демонстрации против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим.

Претставници на полицијата соопштија дека осомничените нападнале полицајци и новинари.

Демонстрантите носеле факели, труби, запалиле канти и се обиделе да ги урнат полициските барикади, се гледа на видео снимки што ги објави полицијата и локалните медиуми.

Полицијата употреби водени топови против демонстрантите.

Протестот се одржа пред официјалната резиденција на Нетанјаху во Ерусалим и илјадници демонстранти побараа негова оставка.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2020 10:40