На патот Чашка – Велес, после железничкиот премин во населба Превалец, вчера во 15.45 часот било пријавено дека патничко возило „рено клио“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(74) од Велес, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата, информираа денеска од МВР, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2020 11:12