На вонредните парламентарни избори, во Битола до 15 часот гласале 39,5 отсто од вкупно 81.488 регистрирани лица со право на глас.

Во Битола и битолско се гласа на 169 избирачки места.

Паралелно со изборниот процес, во Битола од 7 часот отворена е канцеларијата на Народниот правобранител за пријавување на евентуална повреда на избирачко право. До 21 часот граѓаните може да го користат и телефонскиот број 047 242-310, информираат од канцеларијата на Народниот правобранител во овој град.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2020 16:04