Непознат сторител со употреба на сила и подесен предмет насилно влегол во црквата „Св. Харалампие“ во кратовското село Сакулица и одзел пари, алат и икона.

Како што информира МВР, грабежот на црквата се случил во периодот од 14:00 часот вчера до 9:00 часот утринава.

Увид извршила екипа од Полициската станица Кратово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2020 16:32