Околу 13,15 часот на гласачко место бр.„2695“ во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ претседателот на избирачкиот одбор побарал интервенција, бидејќи лице влегло на гласање со маска на лицето на која имало партиски симбол и не сакало да ја смени.

При доаѓање на полициски службеници лицето веднаш ја сменило маската и му било овозможено да гласа, а од страна на полициските службеници е утврдено дека се работи за Е.Т.(37) од Скопје.

Лицето потоа почнало на висок тон да се расправа со полициските службеници по што и била дадена наредба да престане и излезе надвор од училиштето за да не го нарушува јавниот ред и мир за време на гласањето, при што истата одбила и продолжила да го нарушува јавниот ред и мир.

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесен записник за констатиран прекршок по чл.4„ Нарушен ЈРМ со карање, викање, дрско и непристојно однесување“ и чл.14„ Нарушување на ЈРМ со непочитување на наредба од УПС“ од ЗППЈРМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2020 20:36