Во Делчево во 21 часот навреме беа затворени гласачките места, а веќе започнаа да пристигнуваат и ливчињата од вкупно 36 избирачки места на кои се гласаше.

Претседателот на ОИК Делчево, Владимир Петровски информираше дека освен со мали технички проблеми, гласањето во текот на целиот ден поминало во мирна и демократска атмосфера.

– Изборниот ден во Делчево помина мирно и достоинствено. Сите избирачки места навреме се затворени во 21 часот. До 19 часот излезноста е 55 проценти. Како ОИК немаме нотирано посериозни инциденти, освен некои технички недостатоци кои ОИК навреме ги нотираше и коригираше, рече Петровски.

Тој додаде дека први резултати можат да се очекуваат после полноќ.

Во Македонска Каменица која потпаѓа на Пијанечкиот регион до 20.30 часот гласале 57,34 проценти.

– Гласањето помина во добра атмосфера, немавме забележано неправилности, што значи дека имавме успешен изборен процес.

Во Македонска Каменица на овие избори право на глас имаа 6585 гласачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2020 21:55