Од преброени гласови од 3.023 од вкупно 3.480 гласачки места, или околу 87 отсто од избирачките ливчиња, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,27 отсто од гласовите пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 34,89.

Според првичните неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија, за ДУИ гласале 11,37 за Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,67, за Левица 3,93, ДПА 1,42 и за Интегра 1,34 , а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2020 01:08