Во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Чаир тешко е повреден 55-годишен државјанин од Косово.

Како што е наведено во полицискиот билтен, синоќа во 23:35 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од ул.„Џон Кенеди“ и ул.„Кемал Ататурк“, патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од скопјанецот Н.А.(57), удрило во пешак С.С.(55) од Косово.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од СВР Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2020 13:09