Напнатоста допрва почнува , смета новинарот Бранко Героски, откако веќе се познати радпределбите на бројот на пратеници по вчерашниот изборен ден.

-Не очекува една интересна напната и неизвесна игра, но ова е уникатна ситуација. Објективно картите се поделени, и прашање е на политички опуртунитет, свест, волја, време, и на крај ќе дојдеме до влада која нема да биде стабилна, а можеби ќе биде и во некој поширок состав...Во Македонија имавме искуство со две концентрациони влади , првата експертска во 1991 година, на Никола Кљусев, и таа во 2001 година, вели Героски, во синоќешната Отворена програма на Алфа.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2020 17:45