Тргнавме со негативни анкети од сите страни, но со многу труд, работа и посветеност успеавме да победиме во изборната единица 2.

Со целиот изборен фалсификат, енормниот поткуп од владејачката партија, незаконските асфалтирања во тек на кампања во сите населени места, градење на диво канализации и огромни заплашувања од целата листа на СДСМ на чело со премиерот на државата и сите репресивни органи и институции на власта, сепак успеавме да ги победиме!

Јас никогаш нема да го прифатам овој резултат затоа што не ја одликува реалноста и сме сведоци на најголемиот фалсификат во историјата.

Но, за мене е важна поддршката од сите граѓани што ни ја дадоа и веруваа во нас и тоа е мојата водилка за борбата секогаш да ја продолжиме.

Благодарност до секој еден комитет и член на ВМРО-ДПМНЕ што беше рамо до рамо со мене, благодарност за секој еден што ни ја отвори вратата и што не прими во дворовите и пред зградите, благодарност за моите сопартијци што беа со мене во најтешкото време и никогаш не потклекнаа на ништо, благодарност за сите граѓани што не поддржаа и затоа имајќи ги овие луѓе до себе, најмногу вреди да продолжиме да се бориме за Македонија и за ВМРО-ДПМНЕ

Да живее ВМРО-ДПМНЕ!

Да живее Македонија!

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2020 15:47