СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.А.(58) од с.Режановце, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, вработен во Одделението за катастар на недвижности Куманово, на 22.02.2012 незаконски издал потврда за отстранување на техничка грешка во катастар на недвижности на две катастарски парцели во место викано „Суварија“, со вкупна површина од 10,148 метри, кои биле запишани во имотен лист бр.1 за КО Мгленце на име на „непознати“, а претходно од пописни листови сопственици биле А.Т. и Ј.Т..

Откако ја издал потврдата, извршил промена и имотот од парцелите го запишал во имотен лист на С.С., Д.С., С.С., С.С. и С.С., сите од с.Ново Село, без правен основ за запишување, при што самиот ја извршил постапката до крај и изготвил службена белешка, во која не образложил на кој начин е правена споредбата на податоците од пописниот катастар со новиот премер.

Со ова ги оштетил Ј.Т. и А.Т., како и нивните наследници, сите од с.Старо Нагоричане, за имот – шума од наведените катастарски парцели.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2020 00:55