Пратеникот на ДУИ, Артан Груби во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 истакна дека се подготвени за коалиција со СДСМ но само ако Насер Зибери биде премиер на Република Македонија.

- ДУИ е стабилен партнер. ДУИ не е авантуристичка партија којашто ги менува ставовите на секои три дена па да мора да се составува Влада на секои пет дена со други партнери. Ние сме лојални кон граѓаните. Не сме тука за да предизвикаме институционална криза. ДУИ е сериозен партнер и тоа многу добро го знаат и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме подготвени за соработка со СДСМ, но со Насер Зибери како премиер, рече Груби.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2020 00:55