Уште еден министер во Боливија, седми по ред, е заразен со новиот коронавирус, и тоа е повеќе од една третина од членовите на преодната влада на претседателката Жанин Ањес, која исто така е заразена.
Седмиот заразен министер е министерот за економски развој, Хозе Абел Мартинез, кој е сместен во карантин, но ќе продолжи да работи онлајн, се наведува во владино соопштение.
Во Боливија со 11 милиони жители, 54.156 лица се заразени со коронавирусот, од кои 1.984 починаа.