Во изминатото деноноќие, на подрачјето на ОВР Кичево, полициските службеници констатирале четри прекршоци за неносење лична заштита на лицето .
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19 , информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 38 контроли врз угостителски и други објекти, додаде Димоски.