Поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(25) од Кичево, информираа портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Тој, на 8 мај годинава, на службен профил напишал коментар со заканувачка содржина кон одредени претставници на политички партии, со што, како што рече Димоски, поттикнувал и ширел омраза, дискриминација или насилство и ја загрозил нивната безбедност и сигурност.

Исто така, вчера во 19:30 часот, во спортска обложувалница лоцирана на улицата „4 Јули“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со карање, викање и непристојно однесување извршено од В.Н.35-годишен од Кичево. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаде Димоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2020 03:09