Дваесет и девет годишниот жител на струмичкото село Баница, М.В., кој продавал земјоделски производи и бостан, синоќа е приведен во Полициската станица – Штип зашто агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејства.

Како што соопшти портпаролот на СВР, Гордана Панајотова, настанот се случил околу 19:00 часот на булеварот „ЈНА" во Штип. Освен што ги навредувал полициските службеници кои од него побарале да го отстрани камионот од тротоарот и да го препаркира, М.В. не ја почитувал ни владината уредба за задолжително носење заштитна маска.

Земјоделецот се соочува да плати казна од 600 до 900 евра за омаложаување на полициските службеници и дополнително 20 евра за неносење заштитна маска.

По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Според статистиката на СВР-Штип, на подрачјето на општините од источниот дел на земјата 49 граѓани не неноселе заштитни маски. Овие случаи се регистрирани како прекршоци



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2020 02:25