Преку полугодишните статистички извештаи на одделението за аналитика при СВР Тетово се бележат 126 нарушувања на јавниот ред и мир на подрачјето на Тетово и руралните општини. Во овие прекршоци непосредно биле инволвирани 204 сторители. Најголем дел од нив, 151, се целосно расчистени со поведување на прекршочна постапка.

– Најмногу од прекршоците биле физички напади, а евидентирани се и тепачка, навредувања и омаловажувања на овластени службени лица, карање, викање, непристојно и дрско однесување и така натаму. Покрај ова, во периодот за кој станува збор регистрирани, исто така, се и пет нарушувања во и околу основни и средни училишта во тетовско, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Нарушувањата во овој период најчесто се случувале на улица, во угостителски објекти, додека преостанатите биле на други места.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2020 16:02