Дизајнерката на новиот Булгари накит, Лусија Силвестри создаде линија инспирирана од барокниот стил. Колекцијата и е наречена така – „Барок висококвалитетна колекција накит“, а мотивите се италијанската престолнина Рим и неговата единствена култура.

– Кога излегов од самоизолација, почнав да го ценам Рим повеќе. Го откривав мојот град и сè што порано не бев видела. Тогаш сфатив колку е моќен и убав овој град и колку сме страсни сите во него, рече Силвестри.

Таа го избрала Барокот како тема при прошетка низ Рим. – Шетав низ Пјаца Навона. Беше празно и можев да ја почувствувам секоја подробност од сета таа атмосфера. Ги забележав сите барокни мотиви, геометриски точки и остри агли… Фотографирав фонтани, зданијата, црквите…, вели Силвестри.

Дизајнерката додаде дека битна точка во колекцијата е минималната употреба на метал, за да се истакнат скапоцените камења. Накитот е целосно рачна изработка, вели таа.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2020 16:35