СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.К.(60) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, како директор на ЈКП „Пролетер“ од Ресен, ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што не ја спровел одлуката на Управниот одбор и не прибрал понуди за продажба на неисправни и дотраени подвижни ствари, сопственост на фирмата, туку ги продал на дел од вработените во фирмата.

На 21.04.2017, спротивно на статутот на ЈКП, донел и потпишал одлука тој и уште уште двајца вработени во фирмата да патуваат во странство од 23 до 30.04.2017, со што значително го оштетил буџетот на ЈКП „Пролетер“ од Ресен.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2020 01:22