Вчера во попладневните часови, односно во 19 часот, И.Б.(43) од Кичево, во полициската станица пријави дека изведувајќи градежни работи во неговата куќа во селото Горно Раштани, пронашол две неексплодирани гранати, информираат полициски извори.

При увид извршен од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, утврдено е дека се работи за рачни гранати од италијанско потекло, од периодот на Втората светска војна.

Истите се безбедно подигнати и предадени за натамошна постапка , додаваат од полицијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2020 15:07