Основното јавно обвинителство Скопје против 14 лица поднесе предлози за издавање казнени налози за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈО, обвинетите без дозвола се движеле за време на важечки полициски час со што не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

За обвинетите е предложена парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2020 16:06