Албански државјанин, кој пред неколку недели бил пријавен како исчезнат, бил пронајден мртов во Скопје.

– Р.К. кој пред неколку недели беше пријавен за исчезнат, е пронајден мртов во Македонија. Неговото безживотно тело е пронајдено закопано во Скопје. Од извршената ДНК анализа и отпечатоци од прстите, е потврден неговиот идентитет, пренесуваат медиумите во Албанија.

Албанскиот медиум Балкан веб наведува дека станува збор за Рик Беу (35), жител на Кревиди кај Каваја.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2020 18:54