Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица кои го прекршиле полицискиот час.

Како што соопшти ЈОРН, тие се товарат дека не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, со што го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител, се посочува, предложи на обвинетите да им се изречат парични казни во висина од по 40 дневни глоби со износ од по 20 евра, односно по вкупно 800 евра во денарска противвредност.​



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2020 00:04