На десната страна од регионалниот пат Дојран-Валандово,на ридот спроти кртосницата за село Црничани,околу 13 часот и 30 минути во ТППЕ Гевгелија бил пријавен пожар.
Гевгелиските пожарникари информираа дека екипа од доброволното пожарникарко друштво од Дојран веќе се наоѓа на местото на пожарот и дека е зафатена нискостеблеста шума од прнар и сува трева над гроздовите плантажи во близина на селото Ѓопчели.
Со цел пожарот брзо локализирање и гаснење на пожарот, на опожареното место се упати и едно противпожарно возило со тројца членови од ТППЕ Гевгелија.