На 22.07.2020, од полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани, врз основа на решение со мерка карантин во времетраење од 14 дена, бил спроведен З.Н.(45) од неговиот дом во с.Уларци, во објект во Скопје определен од Владата на Р.С. Македонија, поради непочитување на мерката строга изолација во домашни услови.
ОВР Кочани поднесе и кривична пријава против З.Н., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.