Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР поднесе кривични пријави против Р.А.(19) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Пријавениот бесправно навлегол во Snapchat профил на Х.П., ја променил лозинката и потоа креирал група на која имало поставено нејзини лични фотографии. По преземени мерки, тој бил откриен и пронајден и во разговор со полициски службеници го признал делото.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2020 04:31